Турција од ЕУ бара зголемување на фондот за сириските бегалци

Европската унија би требало да одвои повеќе од шест милијарди евра за фондот за сириските бегалци и да го забрза приливот на пари, изјави денеска заменикот министер за надворешни работи на Турција Фарук Кајмакчи.
Со парите од ЕУ се згрижуваат околу 3,5 милиони сириски бегалци во Турција, а за возврат Турција вети дека ќе запре понатамошна имиграција во Европа.
– Протокот на пари треба да се забрза и износот на готовина треба да се зголеми, рече Кајмакчи пред новинарите.
– Сè додека е присутна кризата, ние мора да работиме заедно. Кога ќе се потрошат, тие шест милијарди евра нема да го решат проблемот, додаде Кајмакчи.
Европската унија, која го основаше фондот во 2015 година, објави дека досега во фондот биле дозначувани над 5,6 милијарди евра, повеќе од 3,5 милијарди евра се договорени, а над 2,4 милијарди евра се исплатени.
Кајмакчи истакна дека сириските бегалци ја чинат Турција вкупно околу 40 милијарди долари.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
