Турција на Франција ќе ѝ врати единаесет џихадисти
Во операциите за репатријација од страна на Анкара на странските џихадисти, која започнаа во понеделникот на 11 ноември. На Франција треба да и бидат вратени единаесет Французи, јавува дописникот на МИА.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу во петокот најави преку агенцијата Анадолу дека странските џихадисти, вклучително и оние кои ја изгубиле својата националност, ќе бидат вратени во нивните земји.
Јавниот ТВ канал ТРТ Хабер известува дека турската држава планира да врати околу 2.500 активисти, повеќето од нив во земјите на Европската унија и дека 813 осомничени џихадисти во моментов чекаат депортација во 12 центри за задржување.
Флоранс Парли, француската министерка за војска, реагираше на оваа најава на Турција, преку микрофонот на Франс Интер.
-Не сум запозната за конкретно враќање на терористите од страна на Турција- рече таа утринава. Но, само два часа по нејзината изјава, турските власти објавија дека во операцијата наскоро ќе бидат опфатени 11 Французи.
Турскиот министер за внатрешни работи минатата недела изјави дека скоро 1.200 странски борци од Исламската држава, веројатно западни, во моментот се држат во Турција и дека турските трупи заробиле 287 џихадисти во Сирија.
-Нема потреба да трчате во сите правци: ние ќе ви ги вратиме членовите на ИД. Тие се ваши, направете што сакате , рече Сулејман Сојлу на 8 ноември за време на говорот во Анкара.
-Без разлика дали ве радува или не, дали им го одземате или не нивното државјанство, ние ќе ви ги вратиме овие членови на ИД, вашите луѓе, вашите државјани”, рече тој.
Турција редовно ги повикува европските земји да ги вратат своите државјани кои се приклучиле на редовите на ИД во Сирија, но тие не сакаат да го направат тоа, особено поради безбедносни причини и непопуларност на една ваква акција во јавното мислење.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје