ОН: Турција можеби оди „предалеку“ во однос на правата на човекот
Приведувањето или отстранувањето од должноста на над 110.000 турски државни службеници по неуспешниот обид за преврат во јули, вклучително и денешните апсења на прокурдските парламентарци, може да ја преминат границата на дозволеното, оцени службата на ОН за правата на човекот, цитирана од британските медиуми.
- Ние сме загрижени дека во моментот кога ја прогласија вонредната состојба и укинаа определени принципи на меѓународните граѓански и политички права, чекорите кои властите ги преземаат далеку го преминуваат тоа што е дозволено во таквите случаи, изјави портпаролот на ОН за правата на човекот, Равина Шамдасани на редовниот брифинг во Женева.
„Треба да постои презумпција за невиноста кога некого отстрануваш од работа, кога некого приведуваш. Тоа треба да го направиш согласно дадените процедури“, истакна таа.
-Но, доколку се има предвид бројот на овие луѓе, ние стравуваме дека тоа не се случува.
Турција треба да обезбеди транспарентност и да гарантира дека нејзините дејствија се раководени од соодветните процедури, предвидени во законот, додаде Равина Шамдасани.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица