Турција испрати помош за поплавените

Македонија доби хуманитарна помош од разни институции во Република Турција за поплавените подрачја.
Како што информира Амбасадата на Турција во Македонија, во моментов екипа од Турција составена од 42 лица и 21 возило се на терен.
Од ТИКА доставени се 400 пакети составени од храна и хигиенски материјали, а од МУСИАД пакети со хуманитарна помош.
- Заклучно со 17 август, со помош на екипи од градот Истанбул од загрозените подрачја испумпани се 176.000 литри вода, исчистен е пат во должина од 4.250 метри, исчистени се 158 живелишта, 175 канали и во 242 наврати со камиони е пренесен шут. Од страна на турските невладини организации во Македонија, во соработка со Црвениот крст активностите продолжуваат, се вели во соопштението од Турската амбасада.
Посебно, по обезбедувањето на соодветната чистота и хигиена во куќите, како што се наведува, предвидена е и помош во бела техника, мебел и покуќнина.
Помош за поплавените пристигна од градовите Истанбул и Бурса, од општина Ејуп и од Турската Црвена полумесечина.
Од Истанбул пристигнале пумпи за вода, пумпи за кал кои се користат од страна на техничката противпожарна екипа. Поделени се и рачни колички, копачи, лопати, чизми и друг материјал, а мобилната кујна во загрозените подрачја дава услуги.
Бурса испрати повеќе видови храна, 3.960 пакувања брашно од пет килограми, 12.000 макарони, 13.750 вода од половина литар, 33 отомани, 200 ќебиња, 200 комплети прекривачи, 200 перници, 170 лежаи, 300 конзерви, 3.335 облека, 310 храна, и 6.407 средства за хигиена.
Испратени се и комбинирано возило за чистење канали и противпожарни возила кои ќе бидат вклучени во загрозените подрачја до 31 август годинава.
Помошта од Турската Црвена полумесечина се состои од 6.320 колети вода.
Општина Ејуп испратила 27 колети облека, 1.000 теписи, 1.000 килими, 1.000 мали теписи, 10 пластични маси, 60 пластични столчиња, 20 парчиња боја за надворешна фасада, 1.152 пакувања вода за пиење од пет литри, 360 пакувања брашно од 10 килограми, 2.000 пакувања ориз од 2,5 килограми, 10.000 макарони од 500 грама и 1.000 шииња зејтин од пет литри.
Ново на Сител
-

Москва ја исклучува ЕУ од преговорите за Украина: Кремљ не гледа никаква корист од нејзиното учество
-

Над 47.000 жени и девојчиња убиени од најблиските во светот во 2025 година
-

Ѓорѓиевски: Паркот„Жена-Борец“ ќе добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје
-

Средба Мицкоски-Варнс: Разговаравме за македонско-американските односи, стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка
-

Клековски: Македонците плаќаат повеќе за да си го уништат здравјето отколку за да го зачуваат, 600 евра за цигари - 500 за здравствено осигурување
-

Австралиски и германски научници првпат открија планини под Антарктикот
-

Сослушани само двајца од седум повикани сведоци за „Пулс“
-

Јаневска: Формиравме работна група за новиот модел на субвенциониран студентски оброк
