Балкан
24. August 2016 - 9:11

Турција и меѓународната коалиција презедоа акција против ИД во пограничен сисриски град

Турската армија и меѓународната коалиција предводена од САД, почнаа операција против ИД во сириски пограничен град, соопшти Кабинетот на турскиот премиер.

Турски специјални единици преминале во северна Сирија, но претстои дополнителна копнена операција како и отворање коридор.

Воени авиони извршиле четири напади врз цели на ИД како дел од заедничка операција за уништување на припадници од таа група од сирискиот пограничен град Џараблус. 

Операцијата е преземена неколку часа пред посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден на Анкара. 

Во соопштението од Кабинетот на турскиот премиер се нагласува дека граничен реон во Турција е прогласен за „специјална зона за безбедност“ и упатен е повик до новинарите да не одат таму.