Турција: Градоначалник од опозицијата уапсен поради наводни врски со терористи
Суд во Турција нареди притвор за градоначалникот на Есенјурт, Ахмет Озер, член на опозициската Републиканска народна партија (CHP), под обвинение дека е поврзан со Курдската работничка партија (ПКК), која е прогласена за терористичка организација во Турција, ЕУ и САД.
Озер ги негираше обвинувањата, а неговата партија најави дека ќе го брани од, како што велат, „неосновани обвинувања“. Лидерот на CHP, Озгур Озел, изјави дека апсењето се темели на „апстрактни обвинувања“ и е обид за „нарушување на народната волја“.
-Без сомнение, ќе го победиме овој злобен план кој не ја почитува народната волја, изјави Озел на социјалните мрежи, повикувајќи ги граѓаните на протест пред општинската зграда на Есенјурт.
Во изминатите четири децении, ПКК води бунт во југоисточниот дел на Турција, при што загинаа над 40.000 луѓе.
Ново на Сител
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки
-
Приведен струмичанец за силување на својата 20-годишна девојка
-
Регистриран земјотрес во близина на Охрид
-
Зеленски: Во Германија најмалку 300.000 Украинци не работат и не бараат работа
-
Кјоб за Сител: Новата влада има добри економски приоритети но треба да се види реализацијата