Турција го отфрли Чарлс Дарвин од училишната програма
Турција денеска ја објави новата училишна програма, во која тероријата за еволуција на Чарлс Дарвин нема да се споменува се до универзитетското ниво на учениците.
- Теоријата за еволуција е над нивото на учениците и не е директно поврзана со училишната програма, па затоа не е ниту дел од неа, изјави на прес-конференција турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз.
Тој нагласи дека новата програма ќе стапи во сила од почетокот на училишната 2017-2018 година.
Меѓутоа, претседателот на синдикатот на вработените во образованието смета дека таа измена претставува огромен чекор кон погрешен правец и обид да се избегне создавање на „генерации кои поставуваат прашања“.
Новата училишна програма, исто така, ги обврзува верските училишта да го опишуваат џихадот како „патриотски по дух“, наместо да го преведуваат како „света војна“ против непријателите на исламот
Ново на Сител
-
Повици за одговорност за смртта на Фросина, законски измени за поголеми казни во сообраќајот
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче
-
Почувствуван земјотрес во Скопје
-
Сончево со локална облачност
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица