Турција го чествува Денот на Републиката
Турција денеска го чествува денот кога пред 93 години Мустафа Кемал Ататурк во Анкара го прогласи создавањето на Турската Република.
Изјавата на Ататурк по тој повод дека „суверенитетот безусловно произлегува од народот“, е испишана на илјадници билборди и траснспаренти, кои заедно со турските знамиња. денеска се поставени на голем број згради и низ улиците во Турција.
Покрај фотографиите на Ататурк на многу јавни згради низ земјата се закачени и постери со ликот на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Во својата порака до граѓаните по повод денешниот празник, Ердоган ја нагласи неопходност од почитувањето на „суверниетот на народот“, но во исто време ја спомена и поврзаноста на денешна Турција со традициите на Селџуците и Османлиите.
- Нашата Република ние ја оценуваме во светлината на традициите на 2200-годишната државност и 1000-годишното наследство на Селџиците и Османлиите во географскиот регион во кој живееме, како придобивка стекната во тешките услови на тие времиња. Република Турција во изминативе 93 години ги надмина сите тешкотии и продолжи да се развива, пред се во текот на последните години, во држава која успеа да го заземе своето место меѓу најразвиените земји, порача Ердоган во обраќањето, кое денеска по неколку се емитува на сите медиуми во земјата, но и во турскиот дел на Кипар.
По повод празникот ширум Турција беа положени венци-цвеќе на спомениците на Ататурк, а се организираат и повеќе манифестации и концерти.
Во организција на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), која своите корени ги има во Народната партија (ХП) на Ататурк, денеска во Истанбул и неколку други поголеми градови на Турција се одржаа протесни маршеви.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец