Турција ги проширува операциите против курдските бунтовници
Турските сили за безбедност се очекува да ги прошират тековните операции против курдските бунтовници во југоисточниот дел на земјата, кои ќе ги опфатат и градот Идил во округот Шарнак, градот Нусајбин во округот Мардин и градот Јоксекова во округот Хакари, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Операциите, кои ги спроведуваат заедно армијата и полицијата, првично почнаа во градот Сур, во округот Дијарбекир и во градовите Џизре и Силопои во округот Шарнак кон средината на декември, кога борбата против забранетата Курдска работничка партија се пренесе во градовите.
Претставниците на силите за безбедност и членови на Владата изјавија дека операциите во Силопи и Сур наскоро ќе завршат, а напорите за „прочиствување на Џизре од терористи“ продолжуваат.
Според извори на весникот градот Идил ќе биде првото ново место, кое ќе биде вклучено во операциите, а потоа следуваат Нусајбин и Јоксекова. Доколку е неопходно во зоната на операциите може да биде вклучен и градот Шарнак, додадоа изворите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга