Турција: Европарламентот ја осуди хајката против избраните градоначалници

Европратениците усвоија резолуција со која се бара турските власти да престанат да ги попречуваат и заплашуваат градоначалниците избрани на последните локални избори.
Голем број локални избраници кои победија на изборите во март 2019 ширум Турција се спречени да седнат во своите фотелји или се заменети со неизбрани функционери, за европратениците од сите политички партии ова е неприфатливо.
Во резолуција изгласана вчера со широка поддршка, европратениците ги осудија и заканите упатени кон новиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу и предупредија дека заплашувањата и заканите кон опозиционерите на локално ниво “сериозно ја загрозуваат демократијата на локално ниво“.
Европскиот Парламент итно бара да се ослободат и сите членови на опозицијата кои се наоѓаат во затвор.
Парламентот е длабоко загрижен за влошувањето на демократските стандарди во Турција, истакнува резолуцијата и ги повикува турските власти да обезбеди слобода на изразување, темелни права и слободи како и правна држава во која секому му е гарантиран фер и независно судење.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
