Турција демантира дека води истрага против „Дајмлер“ и БАСФ
Турција денеска ги оцени како целосно невистинити медиумските информации дека води истрага против германските компании „Дајмлер“ и БАСФ.
- Овие медиумиски тврдења се целосни невистини. Анкара ги поддржува германските инвеститори, објави на својот налог на Твитер турскиот вицепремиер Мехмед Шимшек.
Шимшек на овој начин реагираше на тврдењето на германскиот весник „Цајт“ дека турската Влада на Берлин му доставила листа на физички лица и компании за кои Анкара смета дека го поддржуваат тероризмот и дека се поврзани со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат дека стои зад ланскиот обид за преврат во земјата.
Според „Цајт“ на листата што и била доставена на германската Влада се наоѓале 68 имиња, меѓу кои и она на автомобилската индустрија „Дајмлер“ и хемискиот гигант БАСФ.
Ново на Сител
-
СДСМ го одби предлогот на Мицкоски за стратегија 2050
-
Струмица и Карпош најавија излегување од ЗЕЛС
-
Белград ќе му подари автобуси на Скопје?
-
Во Куманово отворен конзулат на Србија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски домаќин на шефицата на Европската комисија Усрула Фон Дер Лајен
-
Во МНР средба на македонско-бугарската историска комисија
-
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да ја поддржи визијата на премиерот Мицкоски