Турција бара Берлин да го преиспита својот однос кон „ѓуленистите“
Турскиот министер за одбрана Фикри Ишик ги повика германските власти да го преиспитаат својот однос кон лицата осомничени за учество во ланскиот обид за воен преврат во Турција, кои побараа азил во Германија.
Како што јави Анадолија, Ишик истакна дека давањето азил на лицата осомничени за учество во пучот и за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, предизвикува „оромно јавно незадоволство во Турција“, бидејќи станува збор за „бегалци, кои ги предале турските Вооружени сили“.
Во врска со неодамнешната одлука на Германија за дислоцирање на своите војници од турската воздухопловна база Инџирлик, Ишик изјави дека тоа е прашање за кое се одговорни властите во Берлин.
- Тоа е нивна одлука. Ние би сакале да размислат одново во врска со причините, кои ги наведоа на ваквата одлука, порача Ишик.
Тој нагласи дека Турција нема да дозволи да биде обвинета оти со своите постапки ги загрозува меѓународните напори за борба против џихадистичката група Исламска држава.
- Се договоривме преместувањето на војниците да биде извршено на начин со кој нема да биде загрозерна борбата против ИД, додаде Ишик.
Тој нагласи дека турската Влада никогаш не сакала влошување на односите со Германија, но потенцира дека Анкара очекува и Берлин да биде внимателен кон прашања кои се чувствителни за Турција.
Односите меѓу Германија и Турција се влошуја по неколку дипломатски спорови, како усвојувањето на Резолуцијата во Бундестагот за осуда на „ерменскиот геноцид“ во Отоманската Империја во текот на Првата светска војна, давањето азил на група турски офицери по неуспешниот воен удар, забраната на Берлин за одржување митинзи на турски министри на германска територија во пресрет на референдумот за уставни измени во Турција и одлуката на Анкара да им забрани на пратеници во Бундестагот да ги посетата германските војници во Инџирлик.
Ново на Сител
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување
-
Се намалува бројот на повредени кои остануваат на болничко лекување – критичните пациенти се подобри од вчера
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда