Турчин 14 месеци е позитивен на коронавирусот | ВИДЕО
Музафер Кајасан е ковид рекордер. Тој е позитивен на коронавирусот веќе 14 месеци. Досега има направено 78 тестови за коронавирусот и секој пат добивал позитивни резултати. Кајасан е пациент со леукемија, а прв пат му беше дијагностициран ковид-19 во ноември 2020 година и тој бил примен во болница.
По две недели е отпуштен од болница и се вратил во својот дом во областа Сариер во Истанбул, чекајќи целосно закрепнување. Самоизолацијата се прекинува по две недели доколку тестот за коронавирусот е негативен.
Сепак, сите 78 тестови што ги направи Кајасан покажаа дека тој е сепак позитивен. Тој помина девет месеци во болница и уште пет месеци дома во самоизолација, објави локалната новинска агенција Ихлас.
Музафер апелирал до властите да најдат решение за неговата ситуација, поради што деновите морал да ги минува сам дома, каде децата и внуците ги гледа само низ прозорецот.
Лекарите велат дека неговите тестови сѐ уште се позитивни поради слабиот имунолошки систем, но и дека преживеал благодарение на лековите што му ги дале.
Неговата сопруга и синот биле негативни на тестовите за ковид. Најголемите турски градови неколку пати се затвораа, за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Во светот имаше примери на луѓе кои по неколку пати се заразиле со коронавирусот.
Ново на Сител
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран