„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од 20 часот ќе биде изведена во Македонската опера и балет во рамки на 46. Мајски оперски вечери. Режијата, костимографијата и сценографијата се на Џанкарло дел Монако од Италија, од каде што гостува и диригентот на претставата - Алесандро Д’Агостини. Кореограф е Саша Евтимова.
Покрај Ѓиновска-Илкова, во улогите се и: Амади Лага од Франција/Тунис, Ноема Ерба од Чешка, Игор Дурловски, Андреа Ѕаупа од Италија, Дарко Нешовски, Дејан Стоев, Драган Ампов и Јане Дунимаглоски. Настапува хорот и оркестарот на МОБ.
„Турандот“ е љубовна приказна од Забранетиот град и егзотичната Кина, последно животно дело на Џакомо Пучини. Има три чина и е напишана по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони. Текстот се базира на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци.
Пучини починал и не ја допишал операта и подоцна е завршена од Франко Алфано. Светската премиера на „Турандот“ била во Миланската скала во 1926 година, диригирана од Артуро Тосканини.
„Турандот“ е трета од трите опери на Пучини на годинашните Мајски оперски вечери, со кои МОБ одбележува 160 години од раѓањето на овој италијански композитор. На отворањето на фестивалот на 9 мај беше изведена операта „Боеми“, на 12 мај - „Тоска’, а по повод јубилејот в среда (23 мај) во МОБ ќе има и гала-оперски концерт „Пучини&Росини“.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
