Тур оператори од Казакстан заинтересирани за Македонија

Тур-оператори од Казакстан се заинтересирани за Македонија и има можност за развивање на интензивна соработка во следниот период.
Ова, како што информира Стопанската комора на Македонија, е исходот од промоцијата на Македонија како атрактивна туристичка дестинација на Меѓународниот саем за туризам што се одржа во Алмати, а на кој учествуваа македонски компании од секторот туризам и угостителство.
Туристичките потенцијали со кои располага Македонија биле презентирани пред повеќе од 40 туроператори од Казакстан, а со помош на македонската Амбасада, се организирани и деловни средби со заинтересираните партнери од Алмати и Астана.
Презентацијата се одржа под покровителство на Амбасадата на Република Македонија во Казахстан, а во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и „Туркиш Ерлајнс“.
На саемската манифестација од страна на Стопанската комора на Македонија учествувале Славе Сирачевски, заменик-претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и сопственик на туристичката агенција „Аурора“, како и Асим Меџедовиќ, член на Здружението при Комората и сопственик на агенцијата „Фибула“.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
