-->
-->
Тур де Франс: Кител најбрз на 4. етапа
-->

Велосипедистот на тимот Етикс-Квик степ, Германецот Марсел Кител, победи на четвртата етапа на „Тур д’Франс“. Жолтата маичка по четвртата етапа ја задржа Словакот, Петер Саган.
Кител до победата на 237,5 километри долгата етапа од Сомир до Лимож дојде пред францускиот велосипедист Брајан Кокар во возбудлив фото финиш. Кител буквално за неколку сантиметри го доби спринтот со Кокар.
Четвртата етапа Кител ја заврши со време од пет часа, 28 минути и 30 секунди, а во времето на победникот трката ја завршија уште 105 велосипедисти.
Словакот Саган во генералниот пласман има 12 секунди предност пред Жулијан Алафилип.
Петтата етапа, се вози во среда од Лимож до Лиоран и е со должина од 216 километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
