Туфегџиќ: Во тек е животно загрозувачка операција врз Бојан Јовановски
Во тек е операција на Бојан Јовановски-Боки 13 во болницата „Св.Наум Охридски Скопје“, дознава „Макфакс“. Тој утринава бил однесен во операциона сала, каде треба да му биде извршен оперативниот зафат. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, полномошник на Јовановски-Боки 13 за порталот ја потврдува информацијата и посочува дека станува збор за сложена интервенција која е ризична и животно-загрозувачка.
„По завршување на сите медицински испитувања, денеска во Универзитетската клиника за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје, се извршува хируршка интервенција врз Бојан Јовановски од страна на тим од повеќе специјалисти – хирурзи. Станува збор за исклучително сложена хируршка интервенција која е високо ризична и животно загрозувчка, на чии последици повеќе пати навремено писмено укажуваа лекарите специјалисти од областа“, објаснил адвокатот Туфегџиќ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини