-->
-->
Труење на кучиња во Делчево
-->

Труење на кучиња во Делчево. Во последниот случај како што јавуваат граѓани, куче со видливи бели траги околу устата е забележано на улица ,,Питу Гули” во населбата Милково Брдо. Тие велат дека ова не е единствениот ваков случај и притоа апелираат на одбегнување контакт со отруеното животно.
-За жал се почести се ваквите случаи. Љубители сме на домашни миленици и знаеме колку мачно чувство буди глетката која ја затекнавме на патот каде лежеше отруено кучето. Опасноста е голема бидејки контакт со животното, особено од страна на децата може да биде фатален, велат граѓани кои посведочија за настанот.
Тие ги информирале надлежните од каде добиле уверување дека кучето ќе биде отстрането од улицата.
За отстранување на кучињата скитници во Делчево се грижи ветеринарна служба која по заловувањето ги сместува во стационар. Од таму излегоа со осуда за стореното.
-Го осудуваме овој и секој сличен случај на справување со кучињата скитници. Секој оној кој има проблем со куче скитник е должен тоа да го пријави, а не да прави нешто што прво е опасно по околината, а воедно е грозоморен чин за секаква осуда, велат од надлежната ветеринарна служба.
Во последниот случај по дојава на граѓани, бесно куче скитник кое ги напаѓала минувачите е отстрането од улиците и згрижено во делчевскиот стационар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
