Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник

Канадскиот премиер Џастин Трудо соопшти дека поднесува оставка на местото лидер на владејачката Либерална партија. Сепак, тој ќе остане на премиерската позиција се додека партијата не избере ново партиско раководство.
„Имам намера да поднесам оставка како лидер на партијата, а како премиер, откако партијата ќе го избере својот нов лидер“, рече денеска 53-годишниот Трудо на прес-конференција во Отава.
Тој истакна дека откако станал премиер во 2015 година, се борел за Канада и нејзиниот народ, за зајакнување и раст на средната класа. Посочи дека одлуката да поднесе оставка ја донел по долги разговори со семејството. Истакна дека неговиот успех бил резултат на нивната поддршка.
„Оваа земја го заслужува вистинскиот избор“ на следните избори, рече Трудо. Исто така, истакна дека станало јасно дека ако мора да води „внатрешни битки“, тој не може да биде најдобриот избор за гласачите во Канада.
Тврди дека Парламентот бил „парализиран со месеци“, што тој го нарекува најдолгата седница на малцинскиот парламент во канадската историја. Според него, тоа е причината поради која на земјата и е потребна нова седница на Парламентот.
Трудо изјави дека претходно се сретнал со генералната гувернерка на Канада и побарал од неа да ја одложи работата на Парламентот до 24 март, што во суштина е суспензија со која се запира работата на Собранието без да се распушти. Аналитичарите сметаат дека оваа одлука и дава време на партијата да избере негов наследник.
Ново на Сител
-

Стабилно и посвежо време до сабота, од недела повторно пораст на температурите
-

Ристески: Потрошувачката кошничка е готова, очекуваме позитивни сигнали од ЕСС
-

Околу 22 илјади ќе бидат мобилизирани во Франција на денот на финалето на Лигата на шампионите
-

МВР воведува кодекс: Без тесни и куси здолништа, гол стомак, шорцеви, влечки, при вадење лични документи
-

Спотифај воведе нова опција
-

Турција: Три танкери во Црно Море нападнати од дронови
-

Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
-

Гардијан“: ЕУ разгледува план за членство без право на вето и укинување на едногласноста во одлучувањето
