-->
-->
Тројца загинати и 12 повредени во сообраќајка во Хрватска
-->
Три лица загинаа, а 12 се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во 01:40 часот на автопатот Карловац – Ријека, помеѓу тунелот Свети Марко и клучката Новиград на Добра во Хрватска, соопшти хрватската полиција.
Според првичните информации, во несреќата учествувало СУВ возило Митсубиши, кое најверојатно превезувало мигранти и Алфа Ромео во кое биле брачен пар и дете.
Во возилото СУВ со седум седишта биле возачот и 11 патници. Меѓу загинатите се возачот на Митсубишито и брачната двојка од Алфата.
Шестмина од поврдените се згрижени во општата болница во Карловац, три во КБЦ Ријека, две во Болницата во Огулин и еден во КБЦ Загреб, пренесува Индекс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата