-->
-->
Тројца војници се убиени, над 20 се ранети во напад на ПКК во Турција
-->
Тројца турски војници се убиени, а 22 се ранети во напад со автомобил-бомба извршен од припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточна Турција, јави турската телевизија НТВ.
Нападот бил извршен врз полициска станица во округот Дијарбекир, покрај која бил кренат во воздух автомобил, полн со експлозив.
Ранетите војници се хоспитализирани во воената болница во Дијарбекир.
Поради експлозијата затворен за сообраќај е патот меѓу градовите Дијарбекир и Бинѓул.
Во тек е операција за пронаоѓање на одговорните за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Став на СПМ за измена на државниот грб
-
ДУИ: Преседан - државниот врв не ја честиташе независноста на Косово
-
Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница
-
Демонстрации против Трамп под слоганот „Без кралеви на денот на претседателите“
-
Aвионска несреќа во Торонто, повредени осумнаесет лица | ФОТО + ВИДЕО
-
Во Ријад ќе преговараат високи претставници на САД и на Русија
-
Од утре намалување на облачноста и ниски утрински температури
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози