Тројца воени пилоти загинаа во судар на два авиони над централна Украина
Тројца украински воени пилоти загинаа во судар на два авиони за обука Л-39 на небото над централна Украина, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Несреќата се случила вчера во областа Житомир, која се наоѓа западно од главниот град Киев. Воздухопловните сили соопштија дека еден од пилотите, чиј прекар бил „Џус“, бил познат по многуте интервјуа што ги дал за странски медиуми.
„Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Тоа е болна и непоправлива загуба за сите нас“, напишаа украинските воздухопловни сили на социјалната мрежа Телеграм, додавајќи дека е во тек истрага за да се утврдат причините за судирот.
Смртта на тројцата пилоти е тешка загуба за Украина, која се подготвува со огромни напори да ги обучи што е можно побрзо екипажите на своите воздухопловни сили да управуваат со борбени авиони Ф-16 кои ги обезбеди Западот. Досега на Киев му се ветени најмалку 61 од овој тип воени авиони.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП
-
Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција
-
Во гаража во Белград пронајдено поголемо количество оружје
-
Либански власти: Повеќе од 31.000 луѓе преминале во Сирија во изминатите два дена
-
Вооружен грабеж на комбе со пари во близина на Атина
-
Комисија на Претставничкиот дом: За обидот за атентат врз Трамп виновна е Тајната служба, а не локалната полиција
-
Бајден ги покани лидерите на 50 земји на состанок на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина
-
Дел од Карпош утре без струја