Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
Трето лице е уапсено во истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов, соопшти денеска московскиот суд, цитиран од британските медиуми.
Според правосудните органи, приведениот Александар Фомин, кој е соосновач на градежната компанија „Олимписистрој“, е осомничен за давање мито на Иванов, кој беше уапсен во вторникот, како и на Сергеј Бородин, близок соработник на Иванов, кој исто така е во притвор.
Скандалот што избувна е најголем во последните неколку години во руското Министерство за одбрана и е силен удар за угледот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Правосудните органи преку соопштение објавија дека Фомин е осомничен за „вршење услуги“ за Иванов, Бородин и други во вид на материјали, труд и услуги поврзани со реновирање на станови.
-Фомин и други лица, исто така, дејствувајќи како организирана криминална група, му понудиле на Иванов да прими поголем поткуп во вид на незаконско давање услуги поврзани со градежни поправки, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела