Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
Трето лице е уапсено во истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов, соопшти денеска московскиот суд, цитиран од британските медиуми.
Според правосудните органи, приведениот Александар Фомин, кој е соосновач на градежната компанија „Олимписистрој“, е осомничен за давање мито на Иванов, кој беше уапсен во вторникот, како и на Сергеј Бородин, близок соработник на Иванов, кој исто така е во притвор.
Скандалот што избувна е најголем во последните неколку години во руското Министерство за одбрана и е силен удар за угледот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Правосудните органи преку соопштение објавија дека Фомин е осомничен за „вршење услуги“ за Иванов, Бородин и други во вид на материјали, труд и услуги поврзани со реновирање на станови.
-Фомин и други лица, исто така, дејствувајќи како организирана криминална група, му понудиле на Иванов да прими поголем поткуп во вид на незаконско давање услуги поврзани со градежни поправки, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Mнозинството пратеници со недоверба за членовите на Судскиот совет, СДСМ и ДУИ ја напуштија расправата
-
Интерпелации во Собрание, а Судски совет во редовна работа
-
Таравари не дава „Ѓока констракшн“ да стопанисува со паркингот на Клинички - го поништи огласот
-
Одбележани 82 години од депортацијата на македонските евреи во логорот Треблинка
-
Интерпелациите на петте членови на Судски совет пред пратениците
-
СДСМ бара ДКСК да ги истражи тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
82 години од депортацијата на македонските евреи
-
Таравари ќе го поништи тендерот за паркингот на клинички