Тројца приведени за претепување на Пауновски: Ме нападнаа Албанци под дејство на алкохол и дрога
Во врска со нападот врз директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски и неговиот син синоќа во Тетово, од Министерството за внатрешни работи информираат дека приведени се три лица – едно на возраст од 18 и две на возраст од 20 години.
– На 22.06.2018 од страна на полициски службеници од СВР Тетово приведен е В.О (20) од Тетово, а во полициска станица извршен е разговор и со А.Б (20) од Тетово и И.В. (18) од Тетово во врска со случајот пријавен од С.П. (56) дека истиот ден околу 02.10 часот во угостителски објект три непознати лица физички го нападнале неговиот син Н.П. (23). По целосно документирање на случајот, против трите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок“, стои во полицискиот билтен.
Претходно, Пауновски на неговиот фејсбук профил објави дека тој и син му не биле нападнати во угостителски објект, туку пред нивната зграда од група Албанци под дејство на дрога и алкохол, без никаков повод.
– Ниту син ми беше во угостителски објект, ниту на инцидентот претходеше кавга за паркинг место. Без никаков повод, доаѓајќи дома, син ми беше физички нападнат од група Албанци под дејство на алкохол и дрога, пред влезот на зградата во која живееме. Ме разбуди ќерка ми која случката ја видела од тераса, и како и секој родител, слегов веднаш да си го одбранам детето, по што физички бев нападнат и јас. За жал, подебелиот крај го извлековме ние двајца, напиша Пауновски, кој е поранешен пратеник од редовите на СДСМ.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено