Балкан
31. October 2016 - 9:51

Тројца повредени во тепачка меѓу мигранти на грчки остров

Три лица се повредени во тепачка меѓу две групи мигранти на грчкиот остров Кос, при што едно лице е приведено.

Како што објавија грчките медиуми, синоќа избила тепачка меѓу Авганистанци и ирачки Курди во бегалскиот камп „Суда“.

Три лица биле пренесени во болница, поради повреди здобиени со остри предмети.

Судирот бил прекинат по интервенција на полицијата.

Истовремено, во другиот камп „Митилене“, мигранти протестирале поради бавното решавање на нивните барања за азил.