-->
-->
Тројца повредени во сообраќајка во Ченто
-->

Уште една сообраќајна незгода во Скопје. Вчера во 07,15 часот било пријавено дека на улица “Методија Андонов - Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Рено 19“ со скопски регистерски ознаки
управувано од Љ.Т.(56) од село Раштак, скопско и патничко моторно возило “Опел вектра“ со скопски регистерски ознаки, управувано од М.К.(37) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото “Рено 19“ Н.Р.(45) од Скопје, а со телесни повреди се здобил Љ.Т,. констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“.
Исто така М.К. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.
Извршен е увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
