Тројца повредени вчера во осум сообраќајки во Скопје
Три лица се полесно повредени во три од вкупно осум сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет е причинета материјална штета.

Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај двајца возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Четворица возачи поминале на црвено светло на семафор, шест возачи за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон, како и кај 18 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 38 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 44 возила.
Денеска Одделението за превенција заедно со „Училишната сообраќајна единица“ ќе преземаат превентивни мерки од областа на сообраќајот на бул. „Јане Сандански“ пред ТЦ „Бисер“ и ТЦ „Капитол“.
Ново на Сител
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
