-->
-->
Тројца повредени од кои еден потешко во судир на три возила на патот Штип – Делчево
-->
– Три лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа синоќа во 23:55 часот на магистралниот пат Штип – Делчево помеѓу три патнички моторни возила „голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од с.Облешево, „тигуан“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(27) од с.Мојанци и „ауди А4“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(34) од Виница.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило „голф“ М.М., а сопатниците во патничкото моторно возило „тигуан“ С.Ј.(51) и Ж.Ј.(47) и двајцата од с. Мојанци се здобиле со телесни повреди, констатирани од лекар во Општата болница-Кочани, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР-Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
