-->
-->
Тројца новозаболени од Ковид-19 во тетовскиот регион
-->

Тројца нови заболени од Ковид-19 се евидентирани во изминатите 24 часа во тетовскиот Центар за јавно здравје.
-Од трите нови случаи двајца се жители на општина Тетово додека еден позитивен тест има кај жител на општина Желино, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.
Кризниот штаб при општина Тетово денеска не го одржа вообичаениот понеделнички состанок.
Од полицијата, пак, информираат дека изминатото деноноќие за неносење заштитни маски на 49 луѓе во тетовскиот регион им се издадени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
