Тројца мртви и тројца потешко повредени во лавината во француските Алпи
Во лавината која се случи во скијачкиот центар Две Алпи загинаа три лица, од кои двајца се средношколци, а третото лице е турист од Украина. Во несреќата две лица се потешко повредни, јавува дописникот на МИА од Париз.
Лавината се случила некаде околу 16 часот, на една затворена писта на скијачкиот центар Две Алпи. Десетина ученици од основното училиште и гимназијата Сант Егзупери од Лион и нивниот професор беа затрупани од снегот. Според најновите информации од жандармеријата двајца од учениците го изгубиле од животот, а третото загинато лице е Украинец, кој не бил со групата. Меѓу повредените се еден ученик и професорот, еден од учениците останал неповреден, а се трага по уште пет други.
Гимназијата од каде се учениците брои околу 1300 ученици, а спортската секција организира редовно скијачки излети.
Пистите на овој зимски центар беа посебно оптоварени оваа среда, со оглед на тоа дека за вечерва беше планирано да се организира рушење на светскиот рекорд за слегување на пистите со факели.
По големите снежни врнежи од почетокот на јануари, француските власти предупредија на опасностите од снежни лавини во Алпите.
Претседателот на Франција Франсоа Оланд им изрази искрено сочувство на блиските на жртвите и најави дека министерот за образование ќе отпатува во Лион за да изрази поддршка на школската заедница и на семејствата.
Ново на Сител
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти
-
Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека