Македонија
23. December 2018 - 17:39

Тројца битолски средношколци изработија смарт венецијанерки

Тројца ученици од основното училиште „Даме Груев“ од Битолапод менторство на нивната наставничка по физика изработија иновација која сама по себе е уникатна. Се работи за смарт венецијанери - на надворешниот дел на венецијанерите се ставаат соларни ќелии кои ја акумулираат сончевата енергија, потоа таа се трансформира во електрична која преку ЛЕД лентите поставени од внатрешната страна се претвора во светлинска енергија. Освен заштеда на струја, со електричната енергија може да се напојуваат и апарати со помал напон.

-Се смета дека на осветлувањето во нашите сметки отпаѓа 10-15%, сметам дека многу би заштедиле. Во овој современ свет ни требаат мобилните телефони, со нивното полнење може да заштедиме доста, вели ВАЛЕНТИНА СТЕПАНОВСКА АНДОНОВА, МЕНТОР.

Заради успешноста на проектот, нивниот тим беше избран меѓу десетте најуспешни од над 100 тимови кои беа дел од повикот на ученици - млади „UPSHIFT“ иноватори и социјални претприемачи во организација на МОН, Фонд за иновации, UNICEF и CEED Македонија.  

-На почетокот беше напорно, но потоа беше поилесно и поинтересно, рече МИХАИЛ ЈАНАКИЕВСКИ, УЧЕНИК ВО ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ.

-Баравме начин да бидеме попријателски со околината, рече АНДРЕЈ ЈОВАНОВСКИ, УЧЕНИК ВО ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ.

-Планот што го правевме, го правевме околу недела и половина, за да видиме како ќе изгледа и како ќе работи, рече ХРИСТИЈАН НИКОЛОВСКИ, УЧЕНИК ВО ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ.

Проектот се уште не е завршен затоа што чекаат да им пристигнат уште некои делови од странство  кои им недостигаат. Доградбата на венецијанерката изнесува околу 217 евра, а според нивните пресметки целосната инвестиција би требало да се врати за една година. Целиот проект го финансираат самите и велат дека се надеваат дека во иднина „паметните венецијанери“ ќе го наjдат своето место на пазарот.