Тројца автори добитници на наградата „Струшко слово“
Лидија Капушевска-Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќ се годинашни добитници на меѓународната награда „Струшко слово“ која петти пат ја доделува редакцијата на ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга во рамки на „Струшки книжевни средби“. Ќе им биде врачена на завршниот дел од оваа манифестација што ќе се одржува од 4 до 6 јули во Струга, Охрид и Вевчани.
Капушевска-Дракулевска е наградена за нејзиниот досегашен ангажман во областа на книжевноста и културата во земјава и во светот. Таа е редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Оваа година Капушевска ја доби наградата за критика „Димитар Митрев“ за критичко-есеистичката книга „Мозаик од гласови“.
Мустафа Спахиу е поет, писател, новинар, преведувач и литературен критичар од Косово. Наградата му се доделува за особени заслуги во неговото творечко дело, прогресивната мисла и за подобрување на културно пријателство на балканските простори.
Недељко Терзиќ е писател, поет и драмски автор од Сремска Митровица, Србија. Како што соопшти организаторот, наградата ја добива за особени заслуги во градењето на непремостивото пријателство меѓу авторите и државите на Балканот и пошироко.
Досегашни добитници на наградата „Струшко слово“ се Валерио Орлиќ и Никола Шимиќ Тонин од Хрватска, Ѓорѓе Добре од Романија, Жарко Милениќ од Босна и Херцеговина, Мујо Буќпапај од Албанија и македонските автори Васил Тоциновски, Виолета Димова, Панде Манојлов и Јордан Ѓорчев.
Ново на Сител
-
Потпишани барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани
-
ДИК: Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората
-
Ковачевски: Владата подготви закон за рестриктивни мерки, Милошоски да го стави на комисија
-
Трамп: Ако победам, ќе го депортирам принцот Хари доколку лажел на апликацијата за виза
-
ДИК: Црната листа на САД не може да влијае врз претседателската кандидатура на Стевчо Јакимовски
-
Бебе загина во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село
-
Приведен дебранец поради агресивно однесување кон полициски службеници
-
Разбиена криминална мрежа во Атина која регрутирала малолетни девојчиња и ги принудувала на проституција