Балкан
27. October 2016 - 15:47

Тројца Албанци побегнаа од затворот во Рим со помош на чаршафи

Тројца затвореници од албанска националност побегнале ноќеска од римскиот затвор „Ребибија Нуово“, објавија денеска италијанските медиуми,

Затворениците побегнале со помош на чаршафи, со кои се спуштиле низ ѕидот од затворот, во близина на стражарската кула.

Еден од затворениците служел казна за убиство, вториот бил соучесник во убиство, а третиот за организирање проституција.

Во затворот „Ребибија“ во текот на ноќта се преместени затвореници од затворот „Камерино“, откако повеќе земјотреси го погодија централниот дел на Италија.