Македонија
18. December 2021 - 12:52

Тројца 18-годишници повредени откако со автомобил удриле во столб

На 17.12.2021 во 13.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата Рача, патничко возило „сузуки“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(18). од Охрид, изгубило контрола и удрило во столб. Во несреќата со тешки телесни повреди здобила сопатничката Т.Н.(18), додека возачот и друг сопатник О.С.(18) од Охрид се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Ново на Сител