Трогателно: Роденденска честитка од мајката која умира до своето бебе
Младата Кинеска по име Лин (26) пред неколку месеци дознала дека е бремена, но и дека има рак на коските. Докторите и рекле дека постојат две опции, да ја прекине бременоста или да го роди бебето ризикувајќи го својот живот. Лин не се двоумела ниту еден момент и решила да роди.
Најголемиот подарок, ќеркичката ја доби на 1. септември годинава, но тогаш лекарите и рекоа дека канцерот напредувал толку што нема да живее уште многу.
Храбрата мајка се одлучила на несекојдневен чекор и му оставила најдобар подарок на своето бебе - видео роденденски честитки за наредните 25 години.
-Денеска е о1. септември 2017 година, и твојот прв роденден...Среќен ти роденден...Мама мораше накратко да те остави за да отиде на едно далечно место...Не можам да дојдам дома, ама секако ќе те посетувам, рече мајката во потресната снимка.
Во позадината се гледа мајката на Лин како се обидува да ги задржи солзите, додека во креветот покрај Лин лежи нејзиното бебе.
Ново на Сител
-
На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025
-
Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД