Трофејниот Обрадовиќ се врати на клупата на Партизан
Еден од најуспешните европски кошаркарски тренери Жељко Обрадовиќ од денеска и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Партизан, враќајќи се во белградскиот клуб во кој пред 28 години ја почна својата блескава кариера.
– Среќни сме и задоволни бидејќи Жељко Обрадовиќ се врати. Мислам дека секој збор е излишен, а во истовреме и недоволно силен да опише што значи за Партизан неговото враќање. Пред нас е голема работа, изјави попладнево претседателот на кошаркарскиот клуб Партизан Остоја Мијаиловиќ.
Обрадовиќ беше без тренерски ангажман од 2020 година кога ја напушти клупата на турски Фенербахче.
Шеесетиедногодишниот Обрадовиќ кариерата ја почна во Партизан во 1991 година по што ги предводеше екипите на Хувентуд, Реал Мадрид, Тревизо, Панатинаикос и Фенербахче, а беше селектор и на СР Југославија.
Во кариерата освои 63 клупски и репрезентативни трофеи, вклучувајќи и рекордни девет титули во Евролигата.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
