Триумф за македонските ракометари на гостувањето во Луксембург
Македонската ракометна репрезентација забележа многу важна победа вчера вечерта на гостувањето кај Луксембург со 28:23. Ова беше претпоследниот натпревар за „црвено-жолтите“ во квалификациите за Европското првенство 2024.
Домаќините им пружија силен отпор на нашите репрезентативци, во првото полувреме на неколку наврати имаа и два гола предност, но Македонците со серија од 3:0 во финишот на првиот дел заминаа на пауза со водство 14:12.
До средината на второто полувреме се играше рамноправно, а потоа македонските ракометари стигнаа до највисоките +7 (25:18) во 49. минута. До крајот со рутинирана игра го приведоа натпреварот до крајот.
Најефикасен во победничкиот состав беше Филип Талески со осум голови.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во текот на целиот натпревар од трибините имаа поддршка од стотина наши иселеници.
Со оваа победа Македонија речиси да го обезбеди пласманот на Еуро 2024. За потврда ќе треба да не загуби со повеќе од осум голови разлика во последното коло, против Турција во Скопје. Турците денес загубија на домашен терен од лидерот во Групата-1, Португалија со 35:37.
Португалците со максимални пет победи и 10 бода сигурни се на првото место. Македонците со шест бодови се втори, Турција е трета со четири, Луксембург е последен без ниту еден бод.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица
-
Најмногу дожд наврна во Скопје
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
-
Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК
-
Голем дел од Македонија се разбуди во мрак
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени