Трипуновски: Земјоделскиот инспекторат на терен во интерес на земјоделците
Се скратува рокот за исплата на откупените градинарски култури од 180 на 90 дена со новите законски измени, продолжен рокот за легализација на земјоделската механизација, а идната недела Министерството за земјоделство ќе го објави огласот за закупот на земјоделското земјиште за три и повеќе хектари, им порача денеска директорот на државниот земјоделски инспекторат Цветан Трипуновски на земјоделците од Кривогаштанскиот регион.
Според Трипуновски, инспекторатот има редовни средби со земјоделците со цел поефикасно и пофлексибилно решавање на нивните проблеми. Земјоделците во овој период покажуваат голем инетерес за субвенционираната земјоделска механизација и за закупот на земјоделското земјиште.
- Земјоделците постојано ги следат објавите на Министерството за земјоделство. Интересот за субвенционирање при набавка на земјделска механизација и за закуп на земјоделското земјиште е огромен. Има многу апликации за „Млад земјоделец“. Идната недела ќе излезе и огласот за распределба на земјоделското земјиште. Огласот е до три хектари и дополнителниот е за закуп на над три хектари земјоделско земјиште, вели Трипуновски.
Земјоделците бараат од инспекторатот поголема контрола на теренот, особено при откупот на земјоделските производи, а откупувачите бараат да се контролираат преработувачките капацитети кои не плаќаат редовно за откупените количества производи. Трипуновски уверува дека се ќе биде во интерес на производителите, а сега главно се фокусирани на квалитетното семепроизводство за новата реколта.
- Изминатиот период, во текот на откупот на тутунот ние постојано бевме на теренот, на откупните пунктови и секојдневно го следевме целиот откуп за да нема несогласување и неправилности. Тоа значи, будно ги следиме сите тековни откупи на земјоделските производи и сме на страната на земјоделците. Трудот на македонскиот земјоделец мора да биде вреднуван правилно. Останатиот дел, што значи за дијалогот меѓу земјоделците и откупувачите и меѓу откупувачите и преработувачката индустрија стоиме на располагање да бидеме медијатор со цел да се изнајде правино и кавлитетно решение за двете страни. Во овој момент повеќе сме фокусирани на пестицидите, на заштитата на растенијата и на семепроизводството и неговиот пласман. Одреденно мало количество семенски материјал кое е затекнато на пазарот е одземено и уништено, но најголемиот дел е согласоно со правилниците кои треба да се исполнуваат, објаснува Трипуновски.
Според Томче Стојчески, контролор во Платежната агенција во моментов континуриано се исплаќаат субвенциите.
- Во тек е исплатата на субврнциите за 2015 година за житните, градинарските култури и за тутунот, за првата фаза откупен до 15 јануари. Како што се обработуваат податоците, така се врши и исплатата. Исплатата се врши континуирано и земјоделците се задоволни, вели Стојчески.
Директорот на државниот земјоделски инспекторат денеска, освен со земјоделците во Кривогаштани, има средби и со производителите во селата Подвис и Бела Црква од истата општина. Во општона Кривогаштани 80 насто од населението се занимава со земјоделство.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево