Трипуновски: Во Карбинци ќе бидат уништени 10.000 свињи со африканска чума, штетите се над 2,5 милиони евра
Свињарскиот сектор повторно е на удар од африканската свинска чума.
Во фарма Овчеполка Агриа во село Таринци, Општина Карбинци кај 10.000 грла е регистрирана африканска свинска чума и истите мора веднаш да бидат уништени, а под сериозна здравствена закана е целокупната популација на свињи во Република Македонија, односно над 150.000 свињи колку што во моментот изнесува бројната состојба.
Штетите кои ги предизвика африканската чума во фармата Агриа се речиси над 2,5 милиони евра.
Неспособноста и некадарноста на министерот Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски испливаа на површина.
Изминатите години сериозно алармирав дека надлежните институции како МЗШВ и АХВ, не ја сфаќаат сериозно ситуацијата со африканската чума и мерките кои ги носеа или беа задоцнети или не го постигаа ефектот.
Предлагавме низа на решенија и мерки, но Николовски и Бабовски беа без слух, и затоа денеска ситуацијата со африканската чума е пресериозна.
Најбрзорастечката сточарска индустрија во ресорот земјоделие, свињарството, е под закана целосно да згасне, а со тоа да останеме без единствената свежа домашна суровина – свинско месо. И сето ова почитувани е поради непрофесионалноста и немањето на капаците на Николовски и Бабовски да ги решат проблемите.
Бараме итна реакција од институциите. А до фармите ширум државата апелираме на подигање на биосигурносните мерки на највисоко можно ниво како единствен ефикасен начин на превенција од болеста, бидејќи очигледно е дека владата, МЗШВ и АХВ се неспособни да се справат со болеста.
Политиките на власта во земјоделството и сточарството носат пустош и безнадежност. Но, доаѓа време на промени и одговорност!
Изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Миланов: Водата во Гостивар не смее да се користи до добивање на лабораториските резултати
-

Хоџа: Проектот за филтер-станицата во Вруток е завршен во 2014 година и е предаден на ЈКП „Комуналец“
-

Мортус пијан возач со 4,35 промили алкохол во крвта фатен во Делчево
-

Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар
-

Две возила утрово опожарени на „Џон Кенеди“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит
-

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
-

Миланов: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
