Трипуновски: Над 500 семејства во „Водостопанство“ трет месец немаат земено плата

Овој документ кој што е директно признание на власта дека над 500 семејства во АД Водостопанство веќе трет месец немаат земено плата.
Додека има пари за скапи вина и луксузни коктели и јадења за Николовски, Димковски и нивните сопартијци од СДСМ, директорот Селими ги принудува вработените да потпишуваат Спогодба дека се согласуваат платата за мај месец да им биде исплатена во јули. Да добро слушнавте! 500 вработени во АД Водостопанство ќе ја земат мајската плата во јули! Да не беше трагично ќе беше смешно.
Вработените немаат плата и платени придонеси веќе 3 месеци, исто така претпријатието нема основни средства за работа, резервни делови, нафта кои се неопходни за непречено функционирање на истото, и ова е премногу сериозен проблем. Но, повеќе од очигледно е дека власта и понатаму е глува на оваа алармантна ситуација.
Порачуваме, до менаџерскиот тим на АД Водостопанство и до министерот Димковски да престанат да прават притисоци и закани врз вработените кои си ги бараат заостанатите плати а кои што им се чесно и поштено заработени.
Ова е срамота.
Ова ли е животот што ветувавте на изборите во 2016 година , а денес си играте со човечките судбини на 500 семејства.
Господине Заев на овие 500 вработени во АД Водостопанство не можат да скенираат фискални сметки затоа што немаат пари со кои што можат да купат нешто. Овие луѓе ги оставивте без леб, а сега ги принудувате да потпишаат спогодба, со која се штитите од тужби, за крваво заработените пари на работниците.
Непроценлива штета трпат и илјадници земјоделци ширум Република Македонија кои чекаат на услугите на блокираното претпријатие. Целосен дебакл. Кој од кој е пооштетен.
Одговорност за ова мора да има. Недомаќинското работење и расипништвото ќе го платите на наредните избори.
Ново на Сител
-

Сорос подарил 74% од своето богатство, Безос помалку од 5%: Колку навистина донираат најбогатите Американци
-

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк
-

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа
-

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина
-

Пентагон размислува да повлече речиси една третина од американските сили од Европа и да ги распореди во Кина и Иран
-

Од 1 октомври, голема промена во Хрватска – Се воведува сидрена цена
-

Сончево со локална облачност
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
