Трипуноски: Откриени сериозни отстапувања кај откупувачи во Струмичко
Државниот инспекторат за земјоделство откри сериозни отстапувања во работата на струмичките откупувачи кои во овој период купуваат пролетна зелка.
Според директорот Цветан Трипуноски, инспекторите и денеска правеле скрининг на откупот на оваа култура, по што констатирале неправилности во работата. На дел од откупувачите ќе им биде одземена лиценцата.
- Не можеме да се мешаме во формирањето на пазарната цена, но тука сме да ги заштитиме земјоделците преку почитување на законските прописи. Денеска увидовме неправилности во делот на неделната цена, во делот на договорите кои откупувачите треба да ги потпишат со земјоделците. Ќе бидам немилосрден и ќе го спроведувам законот кој треба да ги заштити производителите. Ќе испратиме предлог до ресорното Министерство за одземање лиценци на неколку откупни компании, изјави Трипуноски кој денеска беше во регионот.
Утврдени неправилности, информира, има кај седум откупни компании, но само кај неколку отстапките се големи и им се заканува одземање на дозволата за работа. Цената на почетокот изнесувала 35-40 денари, по што следувал поголем пад.
Од почетокот на сезоната од Македонија се извезени 700 пратки со 12.000 тони зелка.
- Државниот инспекторат за земјоделство останува на терен за да не се искористува и злоупотребува трудот на земјоделците, подвлече директорот Трипуновски.
Ново на Сител
-
Белингем го освои трофејот „Ди Стефано“
-
Кливленд ја започна сезоната со 12 победи во низа и стана осми тим со ваков ефект
-
Зверев ја извојува 50. победа во кариерата над противник од топ 10
-
Над четири илјади полицајци и безбедносни лица ќе работат во Париз за време на натпреварот Франција – Израел
-
Излепени плакати во Белград со мапа на „Голема Србија“ во која е и Македонија | ФОТО
-
Трајковски: Пред нас се двата најважни натпревари во Лигата на нации
-
Премиер лигата суспендира судија поради навреди кон Ливерпул и Клоп
-
Десет кандидати за нов тренер на Рома