Тринаесет мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Индонезија

Речиси 40.000 лица се погодени од поплавите во централна Индонезија, предизвикани од повеќедневните поројни дождови, а во летувалиштето Бали загинаа 13 лица.
Агенцијата за спречување катастрофи соопшти дека поради непрекинатото врнење дожд во изминатите пет дека, реката на островот Сумбава се излила од коритото и поплави пет подокрузи во провинцијата Нуса Тенгара.
Портпаролот на оваа агенција Сутопо Пурво Нугрохо изјави дека од поплавите погодени се 40.291 жител, а нивото на водата е од 30 до 70 сантиметри.
Повеќето загрозени се во привремени засолништа во џамии и владини канцеларии, додека 8.000 и натаму се изолирани и се наоѓаат во куќи до кои може да се пријде само со гумени чамци.
- На луѓето им е потребна питка вода, јавна кујна, храна и лекови, додава Нугрухо.
На Бали, ново лизгање на земјиштето усмрти едно лице, со што бројот на жртви е зголемен на 13.
Претходно, 12 лица загинаа во лизгање на земјиштето кои збрижа неколку куќи во три планински села во округот Бангли.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
