Тринаесет лица приведени во Турција за навреда на Ердоган на прославата на Денот на жената
Турската полиција уапси 13 лица кои учествуваа во маршот по повод Денот на жената поради наводна навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија денеска тамошните власти.
Илјадници демонстранти маршираа низ улиците на Истанбул во понеделникот за да го осудат насилството врз жените во Турција, каде минатата година беа убиени повеќе од 400 жени.
За разлика од претходните години кога полицијата разби слични демонстрации, маршот заврши мирно.
Сепак, полицијата подоцна ги разгледа видеата од протестот и приведе 13 лица, вклучувајќи и малолетничка која учествувала на протестот, соопшти канцеларијата на гувернерот на Истанбул.
Во соопштението е наведено дека тие се уапсени за извикување „пароли“, но не беа дадени детали.
Локалните медиуми објавија дека лицата се приведени за навреда на претседателот Ердоган.
Навреда на претседателот е кривично дело во Турција за кое е предвидена казна затвор до четири години.
Ново на Сител
-
Бошков: Бизнис конфедерацијата на Македонија се залага работниците и работовачите сами да преговараат за минималната плата
-
Фицо: Словачка не се обврза на финансиска или воена помош за Украина
-
Запален отпад и стрниште на висок предел во Мариово
-
Трамп рече дека му било полесно да преговара со Русија отколку со Украина
-
Зеленски: Украина сака мир „што е можно поскоро“
-
Хрватска планира да набави до 50 германски тенкови Леопард 2А8
-
Навивачите на Манчестер Јунајтед најавуваат протестен марш во недела
-
Гвардиола: Нема да биде крај на светот ако Манчестер Сити не се пласира во Лигата на шампионите