Трик со оцет кој ќе ја оживее вашата облека
Ако барате повеќенаменско средство што може да го реши и најголемиот хаос по дома, не барајте повеќе бидејќи сигурно веќе го имате – оцетот е решение за многу непредвидени ситуации во домаќинството.
Постои непишано правило дека сѐ што доаѓа во допир со сурово месо или јајца се плакне со оцет за да ја спречите миризбата, а оцетот е и одличен начин за темелно чистење на вашата машина за садови. Може да го користите и за да избегнете собирање на мушички околу свежото овошје и најважно, оцетот е вашето тајно оружје кога станува збор за перење алишта.
Бидејќи оцетот е кисел, тој има својства кои помагаат при отстранување вар и ‘рѓа, го разградува вишокот сапун и дезинфицира.
Оцетот ја омекнува водата
Тврдата вода е проблем за многу луѓе во зависност од тоа каде живеете. Фразата “тврда вода” во суштина се однесува на вода која има метали и минерални наслаги во себе. Можеби знаете дека делува абразивно на вашата кожа, но таа е и ваш голем непријател кога станува збор за облеката, бидејќи остава минерали на неа и ги спречува детергентите да си ја вршат својата функција.
Решението е едноставно – додајте половина чаша бел оцет при последното плакнење. За да ги вратите во живот избледените алишта, особено оние во потемни бои, оставете ги да преноќат во вода со оцет, а потоа исперете ги.
Оцетот ги неутрализира и најсилните миризби
Можеби не ви личи на очигледно средство што ќе ги неутрализира миризбите, но додавање половина шолја оцет при перење на облеката ќе ви помогне да ги отстраните непријатните миризби, без да остави киселкаст мирис. Оцетот е одличен начин да отстраните миризби од миленичиња, готвење и чад.
Оцетот ја заштитува новата облека
Ставете оцет при првото перење за да ја заштитите новата облека и да ја „цементирате“ бојата. Потопете ја облеката во неразреден бел оцет 15 минути пред првото перење. Ова ќе ги намали или елиминира евентуалните проблеми како пуштање боја при перење.
Оцетот отстранува дамки
Кога ќе забележите дека белите парчиња стануваат жолти или ќе забележите дамка, оцетот, како сода бикарбона, може да ги врати во живот. За пожолтување, ставете ја облеката преку ноќ во мешавина од еден дел оцет и 12 делови вода. Следниот ден, ставете ја во машината за перење на циклусот за плакнење со половина чаша оцет за да ја вратите белината.
За третман на дамки, нанесете неразреден оцет и веднаш измијте. Додајте половина до две чаши оцет во машината за перење за да ги отстраните тешките дамки.
Оцетот е безмирисен омекнувач за алишта
Вообичаените омекнувачи на ткаенини оставаат остатоци што ги заробуваат бактериите и го поттикнуваат растот на мувла. За да го решите ова, ставете половина чаша оцет во дозерот за омекнувач.
Оцетот не само што ќе ја направи облеката мека, туку ќе ги отстрани и минералните остатоци од неа, а најдобро од сѐ, нема да има токсичен мирис што ќе се прилепи на ткаенината.
Ново на Сител
-
КБК Шампион со 5 натпреварувачи на Европскиот куп во Пловдив
-
Мелони по посетата на папата Франциск во болница: Тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор
-
Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, продлабочувајќи го јазот меѓу двајцата лидери
-
Од фудбалски соништа до интернет сензација | Стефан Лазаров | Неформално | Sitel Podcast 082
-
Путин задоволен од резултатите од руско-американските преговори во Ријад
-
Без вода утре дел од Центар
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка