-->
-->
Триесетина села во Пелагонија без струја
-->

Продолжува прекинот во снабдувањето со електрична енергија во пелагониските села, а во моментов без напојување со струја се соочуваат жителите на триесетина села од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар.
Според кол-центарот на ЕВН, струја нема во селата Драгарино, Црнобуки, Секирани, Гопеш, Стрежево, Породин, Лажец, Драгош, Дихово, Нижо Поле, Ѓавато, Маловиште, Мусинци, Црничани, Рапеш, Новаци, Бач, Живојно, Гермијан, Брод, Добромири, Кукуречани, Жван, Бабино, Илино, Граиште, Бараково и Вардино.
Струја нема ниту на ски-лифтот Пелистер, како и на местото викано Антена.
Тимовите на електродистрибуција работат на терен со цел да обезбедат непречено снабдување со електрична енергија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
