Триесет и еден земјоделец од Куманово аплицирале за инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства
Триесет и еден земјоделец од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, аплицирале на јавниот повик за мерката-инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства, од европската програма ИПАРД 2, што заврши на деветти февруари, годинава, информираа денеска од подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.
Земјоделците од регионот, најмногу биле заинтересирани за набавка на приклучна механизација.
– Мнозинството од нив аплицираа за приклучна механизација, дел аплицираа за ограда на овоштарници, други за систем капка по капка, изјави раководителот на подрачната единица, Џабир Рамадани.
Тој информираше дека во тек е јавниот повик за исплата на каматна стапка за земјоделци кои зеле кредит за исплата на добиената земјоделска механизација преку ИПАРД 2 програмата од претходниот јавен повик.
Од канцеларијата апелираа до земјоделците навреме да се обратат до канцеларијата, и да не аплицираат како досега во последните денови пред истекот на повикот.
Рамадани посочува дека кумановските земјоделци продолжуваат со праксата која што ја стекнале да аплицираат последните два дена пред истекот на рокот, иако јавниот повик траел 45 дена.
– Уште еднаш апелирам до земјоделците да се подготват и да аплицираат порано, бидејќи и тука според принципот по кој работи Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделски рурален развој кој прв аплицира, тој прв и се услужува. Добро би било и овој вид на натпревар да постои меѓу земјоделците, порано да аплицираат, порано да бидат услужени, порано да го добијат повратот на средства од програмите, изјави Рамадани.
Вработените, додаде тој, ќе понудат бесплатна соодветна поддршка и помош околу подготовката на документацијата потребна за аплицирање за мерките.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање