Триесет деца починале од енцефалитис во болница во северна Индија
Во последните три дена во една болница во северната индиска држава Утар Прадеш од енцефалитис починале 30 деца, изјави денеска индискиот доктор Р. С. Шукла.
Тој ги негираше обвинувањата на локалните медиуми, според кои, причина за смртта на децата е недостиг на кислород, до кој наводно дошло бидејќи приватниот добавувач престанал да го испорачува кислородот заради неплатени болнички сметки, пренесоа британските медиуми.
Меѓу починатите деца има и бебиња, но и деца на 12 годишна возраст.
Шукла изјави дека барем десетина деца во болницата „МРД Медикал колеџ“ умреле заради енцефалитис, болест што предизвикува запаление на мозокот, додека останатите деца умреле заради „проблеми со испораките“, но не наведе дополнителни детали.
Истражните органи на оваа северна индиска држава отвориле истрага за овој случај, наведуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш