Трибина за подигнување на свеста за борба против рак на дојка, градоначалниката Арифи сподели лично искуство
![]()
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го сподели личното исксутво на трибината за подигнување на јавната свест за борба против рак на дојка што општината ја организираше во рамки на кампањата „Октомври, розов месец“.
– Тоа е битка што не ја избираме и воопшто не ја сакаме, но мора да се бориме со идејата за триумф на животот над смртта, да бидеме силни, а не жртви и со моќта дадена од љубовта кон семејството, роднините , пријателите и потребата да го живееме животот и покрај таквата болест, како примери на храброст кои им требаат и на другите околу нас, истакна Арифи.
На трибината беа споделени искуства на жени од личен и професионален аспект. Информативно-стручна сесија одржи тетовскиот онколог Вјолца Скендери.
– Важно е да се подигне социјалната свест, преку точни и професионални информации насочени кон откривање и рано лекување на оваа многу типична болест кај жените, рече Скендери.
Со информативната трибина заврши кампањата за подигнување на јавната свест за карцином на дојка во рамки на општина Тетово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
