Македонија
16. December 2024 - 8:54

Три земјотреси во текот на ноќта во Македонија

Три потреси, од кои најсилниот имаше јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала се почувствуваа околу 1 часот утрово. 

Според прелиминарните податоци од Европско-медитеранската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ), првиот бил најсилен земјотрес во 1 часот и 12 минути со епицентар 17 километри - северозападно од Гевгелија во близина на Дојран, а длабочина од 11 километри.

Вториот потрес бил по само една минута, на истото место со јачина од 2,2 степени. 

Десетина минути подоцна стреси и во Скопје, со јачина од 2,5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница.